FIA STARTUP CHALLENGE

Авто-мото Сојузот на Македонија и Акцелераторот УКИМ ги покануваат македонските старт-ап компании да учествуваат на овогодинешниот старт-ап предизвик на Светската Автомобилистичка Федерација (FIA Region I Start-up Challenge II).

АМСМ, како единствена членка на FIA од земјава, во соработка со Акцелераторот УКИМ, ја промовира оваа можност за промоција и идентификување на стартапи кои може да учествуваат на предизвикот.

Акцелераторот УКИМ ќе им обезбеди поддршка во подготовка на апликација, менторство и можност за инвестиција до 30 000 евра. Пратете краткa информација за вашата идеја на operations@accelerator.ukim.mk, за да ви закажеме состанок за презентација. 

Овој месец се организираа три панел дискусиите со претставници на ФИА и членките на ФИА со цел да се обезбедат дополнителни информации на потенцијалните учесници и истите можете да ги најдете подолу.

FIA Region I, кој вклучува мобилити клубови од Европа, Блискиот Исток и Африка, годинава, повторно организира предизвик за start-up компании. Категориите за пријава на предизвикот ги одразуваат подрачјата во кои мобилити клубовите ги проширија своите активности во последните децении. Денес, нивните деловни активности не се поврзани само со автомобилите, туку со мобилноста генерално, дури и со услуги кои го поедноставуваат и олеснуваат животот на нивните членови.

Стартапите кои ќе бидат селектирани во потесниот круг на предизвикот ќе добијат низа можности:

  • Поддршка од Акцелераторот УКИМ во подготовка на апликацијата;
  • Поврзување со мрежата на FIA Region I, кој преку своите 103 клубови-членки, претставува пазар од над 36 милиони потрошувачи во Европа, Блискиот Исток и Африка;
  • Во текот на 2021 година, учесниците ќе имаат бројни можности да ги претстават своите идеи пред експертите на мрежата на мобилити клубовите на FIA Region I:  учество на онлајн настани со избрани експерти за иновации и развој на бизнисот, можност за средба со маркетинг и бизнис професионалци на клубовите на водечките мобилити клубови и средба со лидерите со кои можете да потпишете договор за соработка.
 

Категориите за пријава на предизвикот ги одразуваат подрачјата во кои мобилити клубовите ги проширија своите активности во последните децении. Денес, нивните деловни активности не се поврзани само со автомобилите, туку со мобилноста генерално, дури и со услуги кои го поедноставуваат и олеснуваат животот на нивните членови.

Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина?

Автомобилот е во центарот на деловната активност на клубовите. Бидејќи употребата на автомобилот и неговите карактеристики стабилно се развиваат, мобилити клубови веќе бараат нови начини да бидат на страната на возачот. Стартапите се добредојдени да достават идеи во овие сегменти, на пример, во областите: поврзани автомобили, модели на сопственост, безбедност на патиштата, електрична мобилност, влијание на автомобилите врз животната средина и слично.

Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови?

Денес, корисниците имаат на располагање многу опции за превоз и го редефинираат преферираниот начин на движење. Мобилити клубовите бараат нови начини да им помогнат на своите членови во оваа транзиција и да најдат опција за мобилност што одговара на нивните специфични потреби. Во оваа категорија, стартапите може да достават алтернативни решенија за мобилност, на пример, во областите: урбана мобилност; мобилност како услуга / по барање, решенија за микро-мобилност и слично.

Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

Мобилити клубовите може да понудат широк спектар услуги за помош на своите членови и надвор од сообраќајот. Ова може да вклучува услуги во домовите на луѓето (на пример, поправки на дефекти / безбедносни услуги / поврзани домови), или каква било услуга за лична помош (на пример, е-трговија, административни задачи). Како клубовите можат да ги поддржуваат луѓето насекаде, а не само при дефект на автомобилот? Како можат да им помогнат на луѓето да уживаат во поздрав и посреќен начин на живот? Во категоријата помош, стартапите може да достават идеи во областа на, пример, следниве области: помош во домот, здравје, лична помош и слично.

Право на учество имаат сите регистрирани компании, кои имаат прототип на производ или услуга, и имаат одговорни менаџери за развој на бизнисот и технологија.

Крајниот рок за аплицирање е 28 февруари 2021 година. Стартапите, кои влегле во потесен избор, ќе бидат известени во март 2021 година.

За време на процесот на селекција, доставените идеи се евалуираат од експертите за иновации на клубовите-членки на FIA Region I. Стартапите кои ќе влезат во потесниот избор ќе работат заедно со овие експерти заради потенцијално усогласување со деловните активности на мобилити клубовите.

Формат за аплицирање.

Акцелераторот УКИМ, е еден од водечките акцелератори во Македонија, кој обезбедува поддршка во инвестиции во рана фаза и прилагодени програми за поддршка на бизнисот, вклучувајќи менторство и пристап до меѓународни пазари, фондови, мрежи и заедници. На располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи, кои заедно во соработка со повеќе од 3000 професори од најстариот универзитет во Македонија, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот и нашите меѓународни партнери, ќе Ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал. Може да не контактирате на: operations@accelerator.ukim.mk

Првиот start-up предизвик на FIA Region I привлече 67 апликанти од различни земји. Од нив, 12 апликанти беа во потесниот избор. Овие 12 избрани апликанти се поврзаа со повеќе од 50 експерти за бизнис развој на клубовите, преку претставувања, состаноци еден на еден, панел дискусии, дебати, тематски дискусии и слично. Тројца (3) финалисти ја претставија својата работа на Годишното генерално собрание на ФИА во Париз. Македонија не учествуваше на првото издание на предизвикот. 

Дополнителни видео информации за повикот и улогата на БАУ, АМСМ и ФИА

Дознајте како да аплицирате, кои се предусловите и можностите кои ви ги нуди FIA Region I Start-up Challenge, преку ова 10 минутно излагање на Сара Камбиер од FIA. 

Интервју за Слободна ТВ со повеќе информации за повикот со Александар Стамболиев, БАУ

© 2020 Business Accelerator UKIM. All Rights Reserved.