Два македонски стартапи завршија на EIT Jumpstarter 2021! Започнува пријавувањето за 2022!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Интервју со Дора Марасволгуи, Директор за стратешки регионални иновации и Програм менаџер за EIT Jumpstarter.
Во овој проект беше вклучена Република Северна Македонија и благодарение на локалното партнерство со Акцелераторот УКИМ годинава за прв пат земаа учество и иноваторите од земјава. На повикот се пријавија 18 учесници од Македонија (од вкупно 500 пријавени од Јужна и Источна Европа), беа прифатени 12 тимови кои поминаа над 100 часови интензивна менторска поддршка поврзана со развојот на бизнис моделот на иновацијата. Низ неколку фази на селекција, во финалето беа избрани и 2 тима од Македонија, од вкупно 42 учесници што е огромен успех за Македонија.
Ова е повод за ова интервју за Иновативност.

Разговараше – Верица Јорданова

Ве молам кажете ни нешто за вас и за Европскиот институт за иновација и технологија!

Јас сум пасионирана да работам во институции и компании кои креираат позитивно влијание врз општеството. Се приклучив на EIT Health во 2017 година по едногодишниот престој во Нов Зеланд, каде што работев со меѓународни консултантски компании со мандат да ги поддржам заедниците во Пацификот и Океанија со советување за образование и мал бизнис. Кога се вратив во Европа барав меѓународна организација со солиден мандат за влијание во општеството. Така го најдов Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ).

Во ЕИТ поддржуваме иновативни решенија за брзо да стигнат до пазарот и европските граѓани. Како можеме да го постигнеме ова? Со обезбедување на безбедно опкружување за иноваторите да ги тестираат своите решенија, ги поврзуваме со потенцијалните клиенти за да се потврди потребата за нивната иновација и го вклучуваме мислењето на клучните лидери и националните власти и ја овозможуваме дискусијата за идните трендови. Ова е нашиот модел на работа: да ги поврземе клучните чинители во нашите иновациски екосистеми, како што се корпорации, истражувачки институти и универзитети низ цела Европа, каде што секој ќе придонесе според својата експертиза. Ние сме динамични заедници кои работиме на решавање на најитните предизвици на нашето време: здравство, земјоделство и храна, климатски промени, суровини, зелена енергија, дигитална, урбана мобилност и производство. Сакаме да создадеме средина во која иновациите можат да напредуваат да стигнат до пазарот.

Поминаа повеќе од пет години од мојот прв ден во EIT Health и она што ме одржува понатаму е да работам со сите оние фантастични таленти кои сакаат да го направат светот подобро место, да им помогнат да го обликуваат својот прв бизнис модел, да ги поврзат со потенцијални клиенти и инвеститори и да видиме како успеваат. Минатата година, 25 тимови ги пријавија нивните решенија за областа со влијание во EIT Health на програмата EIT Jumpstarter. Ова е исклучително мотивирачки.

Каква поддршка давате за развој на образованието, иновациите и инвестициите?

Нашите програми ги покриваат најкритичните рани години на технолошкиот старт-ап за да се премости таканаречената „долина на смртта“. Ова е најризичниот период, кога технологијата може да пропадне, стартапите можат да откријат дека нема потреба на пазарот за нивно решение (или пазарот сè уште не е подготвен за тоа), или дури и тимот може да се распадне – да наведам неколку причините поради кои пропаѓаат стартапите. На иноваторите и на младите стартапи им треба безбедно место за обиди и грешки, каде што ќе бидат истиснати од нивната комфорна зона за да учат од своите врсници и ментори и да ја потврдат реалната потреба од нивниот производ или услуга. Ова е EIT Jumpstarter.

Ние работиме со истражувачки тимови и им помагаме да го започнат својот бизнис. Учесниците на програмата се младите старт-ап на кои сè уште им е потребна поголема поддршка специфична за индустријата за да го тестираат и потврдат нивното решение пред да го лансираат на пазарот. Акцелераторските програми специфични за индустријата на заедниците на EIT ја нудат оваа континуирана помош по EIT Jumpstarter. Во исто време, како што стартапите напредуваат во развојот, им требаат поконкретни советодавни и позначајни инвестиции. Програмите за поддршка стануваат поселективни и конкурентни. Тука сметаме на поддршката од локалните акцелератори. Во соработка со заедниците на ЕИТ, тие помагаат да се подготват локалните старт-апи за меѓународните натпревари.

Ние, исто така, едуцираме млади таленти и професионалци за најновите технологии и трендови во нашите тематски области – на пр. здравствена заштита, производство или енергија; или хоризонтални теми – како што се вештачката интелигенција (ВИ) или големите податоци – што ги поддржува да станат агенти за промени кои ги размеруваат решенијата со висока вредност преку проекти. Значи, тие се опремени со врвни знаења, вештини и способности во нивната специфична индустрија.

Овие вештини и знаења за пазарот, советувањето специфични за индустријата и поврзувањето со европските пазари ги прават тие стартап тимовите подготвени за инвестиции. Откако ќе се подготват и ќе покажат посветеност, ги запознаваме со инвеститори со знаење од индустријата или со меѓународни организации како што се EIC или EIF – тие можат да им ги дадат поголеми финансии што им се потребни за да го зголемат бизнисот.

Кажете ни за вашата соработка со Акцелераторот УКИМ и за досегашните достигнувања?

Ја започнавме соработката со Акцелераторот УКИМ во 2021 година, кога започнавме проект каде седум заедници на ЕИТ работеа заедно за да ја прошират својата поддршка за талентите од Западен Балкан, особено во областа на Циркуларната економија. Во рамките на програмата EIT Jumpstarter 2021, работиме со локални инкубатори и акцелератори, кои се нашите локални партнери. Тие бараат тимови, ги подготвуваат за EIT Jumpstarter и го следат нивното патување во програмата. Тие, исто така, го поддржуваат развојот на програмата EIT Jumpstarter за да одговара на потребите на локалниот екосистем за стартапи и иновации.

 Минатата година организиравме обука за да ги запознаеме локалните чинители за програмата EIT Jumpstarter 2021 во три земји од Западен Балкан. Александар, Нина и Перица раководеа со македонското издание за таленти кои сакаа да ја проверат остварливоста на нивната бизнис идеја и да ги подобрат своите вештини за пишување апликации за меѓународен повик. Од 45-те тимови кои присуствуваа на обуката од регионот, 18 беа Северна Македонија. Благодарение на поддршката на Акцелераторот УКИМ, пет тима беа избрани за програмата EIT Jumpstarter 2021, која прима учесници од целиот Централно-источен и јужноевропски регион.

Следните два македонски тима завршија на виртуелната сцена на големото финале на EIT Jumpstarter 2021:

  • стартап за храна наречена Fixigo, платформа која користи големи податоци за следење и анализирање на критичните параметри на почвата и поддржува донесување одлуки што им овозможува на земјоделските компании да произведуваат висококвалитетни приноси со ниски трошоци за производство.
  • „Скопје зелен град“ од категоријата урбана мобилност, флексибилен, базиран на облак и интегриран систем за управување со полнење на електрични возила со користење на обновливи извори на енергија.

Да се има две стартапи од Северна Македонија меѓу 42 финалисти е вистинско достигнување. На тимовите им требаат локални партнери за поддршка и меѓународни експерти од индустријата. Поддршката на Акцелераторот УКИМ беше драгоцена во текот на програмата и пошироко за да им помогне на новоформираните стартапи да го продолжат својот развој.

Вашиот најнов проект Cross-KIC Strategic Regional Innovations, дава многу можности за креативните тимови и иновативните стартапи од нашиот регион. Ве молиме споделете повеќе информации за програмата и планираните активности за 2022 година?

Главната цел на проектот е да се ослободи потенцијалот за иновации во новите европски региони. Преку стручна помош, отворање на меѓународни можности и приклучување кон мрежи да им помогнеме да станат силно на локално ниво. Од друга страна, целта ни е да ги зајакнеме нашите локални партнери и мрежата Hubs во овој регион за поефикасна поддршка на локалните иноватори.

 Оваа година, ќе избереме 210 европски тимови за програмата EIT Jumpstarter 2022 и очекуваме повеќе пријавени тимови и идеи од Западен Балкан.

Со оваа цел, минатиот октомври, програмските менаџери на EIT Jumpstarter го посетија Скопје за да се сретнат со клучните субјекти, да ги разберат потребите на екосистемот на старт-ап и постоечките иницијативи и да ја обликуваат понудата на EIT Jumpstarter на локалните пазари. Тоа беше почеток на дијалогот за да ги разбереме потребите на младите таленти и стартапи кои доаѓаат од Северна Македонија.

Слично, во 2022 година ќе ги продолжиме можностите за соработка што ги идентификувавме заедно со македонските партнери во изминатите неколку месеци. Ќе продолжиме да ги истражуваме потребите на претприемачкиот екосистем во другите земји од Западен Балкан.

Можете ли да ни кажете повеќе за EIT-Jumpstarter 2022?

EIT Jumpstarter 2022 ги отвори вратите за иноваторите, кои имаат иновативна идеја и сакаат да ја претворат во бизнис. Во тој случај, EIT Jumpstarter 2022 обезбедува безбеден простор за проверка на деловниот потенцијал во европска средина. Учествувајте на овогодинешното издание на обуката која ќе ја организира Акцелераторот УКИМ на 30 март и аплицирајте на EIT Jumpstarter: https://apply.eitjumpstarter.eu

 Сакам да запознаам многу талентирани иноватори од Северна Македонија и заедно да го започнеме вашиот бизнис патување!

 

Share this post with your friends

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin