Бидете соработник и пријател на студентите

ИНТЕРВУ со  доцент д-р Јана Клопчевска, в.д. продекан за настава на Технолошко-металуршки факултет

  1. Кој е главниот мотив за почнување на старт ап бизнис авантурата?

Поттикнувачка сила или мотив ни беше познатата дизајнерка и наша колешка на Технолошко-металуршкиот факултет, проф. Лидија Ѓеоргиева. Првиот јавен настап со т.н. „необична храна” беше презентирање на Скопската недела на дизајн во 2016-та година, непосредно пред одбраната на мојата докторска дисертација на Универзитетот во Марибор, Словенија, каде ги завршив докторските студии. Стартапи на студентите во Словенија беа сосема нешто нормално. Студентите произведуваа и го снабдуваа целиот Универзитет и сите вработени со најразлична храна и пијалаци. Aвантурата на УКИМ всушност почна како резултат на акумулирана љубов кон дизајнот или настана дизајнот на храна, молекуларната гастрономија или применетата прехранбена технологија и фунцкионална храна.

 

  1. Која е предноста на развивање научни трудови и ефектот од нивната примена во пракса?

По природа сум апликативец. Напишаните трудови се или од пракса или праксата ми била смерница да пишувам, но тука се низа трудови кои во позадина, секој на свој начин ја опишува храната. Методи, анализи, статистика и ред друго. Сепак предноста е практичното, вкус, аромата, боја или во сензорската анализа, која не довелa до бизнис идејата. Практичното тестирањето на молекуларарната храна отсега ќе го правиме и во нова лабораторија. Благодарам на ТМФ, што не подржа како Институт за прехранбена и биотехнологија, токму во овој Деканат, во чиј тим сум и јас. Исто така, УКИМ и студентите на УСС и ФСС на ТМФ, кои тимски помогнаа преку донаторски настан, да обезбедиме средства за набавка на опрема за лаборароријата, каде нашиот стартап ќе се надоградува и расте.

  1. Кога почнавте да ги забележувате првите евидентни резултати од напорната работа?

За неполни две години напорна работа и апликативни проекти со големи македонски и странски корпорации, започнавме со евидентирање на првите проекти, дипломски, протопи или развој на нови производи се до производство на луксузни прехранбени производи, „ready to eat” или молекуларна храна наменета за HORECA секторот. pH-индикатори на црвено месо, кои ја менуваат бојата на месото кога е расипано, јадливи пакувања на млечни и пекарски производи, олеогелови, преведување на прехранбени производи во прашкаста форма, вакуум инфузија на алкохол во овошје, гасовито вино и други алкохолни пијалаци, се само дел од напорната работа. Интернационално, истите ги евидентиравме на HORECA Franders во Гент, Белгија на крај на 2018 година во делот на лабораториска кујна, а нашиот најголем резултат беше првата молекуларна храна предвидена за продажба во „вендинг машини”.

  1. Дали би препорачале и други колеги да ја применат вашата формула и да отворат старт ап компанија?

Секако да бидат иновативни, да даваат мотивација и да работат со студентите тимски, бидејќи тие се нашата иднина. Би препорачала да се потрудат да ги задржат младите на УКИМ и во државата, бидејќи имаме можности за апликација токму на нивните бизнис идеите.

  1. Откако вашето академска искуство го пренесовте и во практична работа/бизнис, како се приспособивте на еден ваков животен стил?

Лесно е да се приспособиш ако се има желба и мотивација. Професор, мајка, жена која се занимава со бизнис, спортува, има семејство и се грижи за организација на сето тоа, би рекла дека е напорен животен стил. Во целата организација има и наука, планирање на време, планирање на бизнис активности, дури и наука при готвење во кујна. Често по дома знам да кажам „јадете антиоксиданси” или „ќе настане денатурација на протеините”. Потоа, сите се смееме!

  1. Ве молам, за охрабрувачка порака за студентите за кои секогаш Вие како професор сте пример?

Мојата порака е јасна, бидете им соработник и пријател! Ставете граница но поставете им цели, насочете ги правилно, мотивирајте ги и очекувајте од нив исто што и од вашите соработниците. Секој ден, не само тие од вас, туку учете и Вие од нив!

Related Blog

Leave a CommentYour email address will not be published.